Лидерите на СДСМи ДУИ денеска започнаа да разговараат за идната влада. Од соопштените по средбата е јасно само дека разговорите ќе продожат и во наредниве денови со што станува извесно дека рокот од 20 дена колку што предвидува уставот не може да биде драстично скратен како што најави Зоран Заев.
„Денеска се одржа средба помеѓу претседателот на СДСМ, Зоран Заев и претседателот на ДУИ, Али Ахмети“, се вели во соопштението од средбата на која теми биле принципите на соработка, реформската Влада и ЕУ и НАТО интеграциите.
Во наредниот период двајцата лидери ќе ги интензивираат динамиката и разговорите помеѓу двете партии, вклучително и со партиите што дадоа поддршка за состав на новата Влада на Р.Македонија, по што ќе се премине на конкретните решенија за ресорните министерства.