Продолжи седницата на собраниската комисија за европски прашања на која на дневен ред денес е Предлог законот за употреба на јазиците откако претходно беше одбиен предлогот на ВМРО ДПМНЕ да се повлече европското знаменце за овој Предлог и беше дадена пауза.
За ВМРО ДПМНЕ европското знаменце е само маневар да се избегне дебата, а самиот Предлог го крши Уставот бидејки не е во согласност со ниедна регулатиива, а пратеникот на ВМРО ДПМНЕ и екс министер за надворашни Антонио Милошоски посочи дека не е наведен изворен акт од Унијата со која предлог законот за јазиците би бил усогласен, јави ТВ Телма.
Според него,ова било класична злоупотреба на европското знаменце за да се спроведе политички договор на две три партии. Милошоски побара отворање дебата која треба да се одвива во рамките на воспоставените процедури и без кршење на уставот.
Не беше прифатен ни предлогот на пратеникот Илија Димовски да се отвори, меѓу другото и јавна дебата по ова прашање со учество на експерти и невладини организации за да се дојде до заедничко прифатливо решение.
Дебата, ако воопшто може да се нарече така, во комисијата се сведе на жестоката размена на мислења меѓу Милошоски и пратеникот Џеват Адеми јави НоваТВ.
Според Милошоски, идниот закон ги дискриминира другите малцинства во Македонија. Овој предлог закон слободно може да се нарече Закон за употреба на албанскиот јазик, иако граѓанинот Албанец нема да добие ништо повеќе во Кичево, Тетово или Струга со носењето на овој закон, рече тој.
Му одговори Адеми пратеник на ДУИ кој на македонски рече дека нему не му пречи македонскиот како што на Милошовски му пречел албанскиот поради вредносниот систем кој го имал.
Според Адеми, употребата на албанскиот јазик според овој акон не е против македонскиот, туку само им помага на Албанците да ги остварат своите загарантирани права, а оваа влада имала храброст да го предложи овој закон кој бил дополнување за имплементација на Охридскиот рамковен договор.
Милошоски сепак рече дека не гледа никаква полза од овој Предлог во корист на граѓаните Албанци и предупреди дека таквиот закон доплнителнително ќе ги дестабилизира односите меѓу Македонците и Албанците.