„За нас е голема радост дека Албанија го призна бугарското малцинство, а сите ние тука сме ученици Албанци во Бугарија и Благоевград“.
Студентите денес вееја албанско и бугарско знаме во центарот на Благоевград. Велат, се чувствувале Бугари и она што се случи во Албанија била заедничка радост која сакале да ја споделат со колегите бугарски студенти, како и со учениците од различни држави.
Нас не обединува Бугарија, изјави претставникот на друштвото за бугарско-албанско пријателство, Јани Никола, кој живее во Бугарија од 2004 година и е докторант по меѓународни односи во ЈЗУ „Неофит Рилски“, пишува бугарски он-лајн портал.
Групата студенти се собраа пред трговскиот центар „Ларго“, вееја знамиња на Албанија, Бугарија и на Европска унија и изјавија едногласно дека се среќни од престојот во Бугарија и во Благоевград.