Законот за поголема употреба на Албанскиот јазик кој формално се нарекува „Предлог-Закон за употреба на јазиците од страна на Владата“е дел од „Планот 3 – 6 – 9“ промовиран денеска во владата, кој треба да го отвори блокираниот евроатлански пат на Македонија.

Според планот откако владата ќе го подготви согласно барањата на коалиционите партнери СДСМ, ДУИ и АА законот ќе биде доставен на консултации во Венецијанската комисија по што ќе се гласа во Собранието.

Она што засега е најмалку јасно за овој закон е дали навистина како што тврди ВМРО – ДПМНЕ  ќе биде официјален на територија на целата земја или пак се работи само за козметичко зголемување на нивото на употребата во локалната самоуправа каде што има значителен или доминантен број на Албанци и во други државни институции кое што и сега е делумно уредено со законите.

Нејасно е и дали законот ќе се биде донесен пред локалните избори како што бара ДУИ затоа што без конкретна етничко постигнување оваа партија таа се соочува со колапс и тежок пораз во судирот со БЕСА и Алијансата на Албанците.

За СДСМ идеално е законот да биде донесен по локалните избори за да не се загубат гласовите од етничките Македонци кои што сметаат дека Албанците ги имаат сите права согласно меѓународните стандарди имплементирани со Охридскиот договор.

Според сознанијата на expres.mk предлог на странските дипломати кои што ги мират различните позиции во СДСМ и ДУИ плус АА, е законот да почне да се работи веднаш за да можат двете албански партии во власта да се фалат со него во текот на кампањата за локалните избори а веднаш по нив тој да биде донесен во собранието.

Со тоа странците сметаат дека СДСМ нема да има сериозни последици кај македонското гласачко тело а ќе ги задржи и тие 30 до 40 илјади Албанци кои што гласаа за нив на последните парламентарни избори.

Што содржи целиот план 3-6-9 на следниот линк