Американската поп ѕвезда со албанско потекло од Македонија Бебе Реџа  зборувајќи за својот љубовен живот пред американските медиуми изјавила дека никогаш не однесла дома момче да ги запознае нејзините родители.

Оваа голема ѕвезда која што има два хита на топ американските листи вели дека „нејзиното момче ќе биде некој кој што ја тетира фино, кој ја почитува и кого што нејзините родители ќе го бендисаат затоа што се многу пребирливи“.

Бебе која е родена во Бруклин а пораснала на островот Статен во Њујорк е ќерка на етнички Албанци. Татко и Фљамур Реџа е роден во Македонија а во САД емигрирал кога имал 21 година каде што се оженил со мајка и Букурие Реџа која што е родена во САД но има потекло од Македонија.

Во интервју за Њујоршкото радио шоу „92.3 AMP“ Бебе вели дека понекогаш се чувствува како е е асексуална.

„Никогаш не сум донесла момче дома во мојот живот – го почитувам татко ми премногу. Пораснав навистина традиционално, вели ѕвездата која што добива покани за настап на најпрестижните американски емисии и музички настани.

„Можеби не можам да задржам маж, затоа што сеуште не сум го нашла вистинскиот… можеби сите тие биле само деца“, заклучува американската ѕвезда.