Албанија не е подготвена да користи гас од Азербејџан

Албанија нема да може веднаш да го користи гасот кој од Азербејџан до Албанија, а потоа и во Европа, ќе се доставува преку гасоводот ТАП (Trans-Adriatic Pipeline).

Владата во Тирана усвои стратегија за изградба на локална дистрибутивна мрежа, но за тоа ќе биде потребно време и околу 300 милиони евра.

Со изградбата на ТАП, Албанија станува дел од европската мрежа за достава на природен гас, но тоа не значи дека овој извор на енергија може веднаш да се искористи за потребите на земјата, пред 2020 година.

Ова е дури и оптимистички термин, бидејќи не се обезбедени ниту средствата ниту проект на гасната мрежа во Албанија, пишува порталот Exit.al.