За време на говорот во собранието пред изборот на новата влада, лидерот на ВМРО ДПМНЕ Никола Груевски изнесе низа информации и ставови. Еве дел од нив:
Очигледно бевме предмет на надворешни центри за промена на власта и покрај тоа народот ни даде доверба.
И покрај принципот победник со победник кој беше баран од оние што го прекршија, со кршење на уставот и деловодникот , со примена на аргументот на силата и моќта, новата влада сега ќе се избере непринципиелно и недемократски .
ВМРО – ДПМНЕ правеше се што е во наша моќ да се надмине овој проблем се до моментот кога стана јасно дека ако одиме понатаму врз партиски интереси ќе биде на штета на граѓаните
Главна цел беше да го решиме името поради што не влегуваме во НАТО и ЕУ кои се стратешка цел на ВМРО – ДПМНЕ но само ако решението за името е фер а не наметнато решение кое што ќе не обезличи.
Од новото мнозинство се очекува поинаков пристап, времето ќе покаже кој бил во право.
Слушнав многу фалење од новата влада како ќе биде супер со вите сфери. Познат манир на СДСМ секогаш бил многу ветувања а никаков учинок и притоа да ги девалвираат нашите резултати поради кои во 10 изборни циклуси победуваше ВМРО – ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“.
Во овој дводневен вознес сакам да ги потсетам што тие ни оставија а што ние им оставаме изјави Груевски во собранието:
Ние во 2006 во буџетот затекнавме еден милион евра а за една недела добивме сметки за 30 милиони евра кои со кои беше блокирана сметката на владата.
На почетокот на оваа недела имаше 180 милиони евра од кои 50 дадовме за субвенции за зејоделците
Сега СДСМ најавуваат 80 % поголем данок за тие што имаат повисоки плати и примања, практично тие ќе земаат пониска плата ако не им се зголеми бруто платата
Наследивме долг од 30 % а сега нивото на државниот долг е речиси исто и покрај сите кризи што не става меѓу најмалку задолжените земји на светот
Затекнавме 560 илјади вработени а денес има 732 илјади вработени, 180 илјади повеќе вработени од тие што го затекнавме.
Наследивме невработеност од 38 % а сега е 23 %
Се што правевме, правевме за сите граѓани Македонци, Албанци, Срби, Турци , Роми, Бошњаци и сите други што живеат во Македонија. Погрешна е наметната слика дека сме против Албанците
Го поздравувам тоа што Заев се повлече од прифаќањето на Тиранската платформа, честитки на тие што протестираа против неа 80 дена, честитки и за претседателот Иванов за неговите чекори.
Од утре СДСМ ја презема одговорноста, однапред знам дека во првите 6 месеци ќе ја префрлате вината за вашата неспособност кон ноправдате ас за да ги вашите неуспеси и нереалните ветувања но тоа нема да помине затоа што народот е свесен за ова.
Народот и понатаму ќе може да се потпре на ВМРО – ДПМНЕ, повикот за предвремени парламентарни избори е отворен. Ќе покажеме што е силна опозиција која наскоро со поддршка на народот ќе се врати на власт и ќе продолжи да ја води Македонија.