Откако ќе ги изгуби изборите Пендаровски ќе треба да ја добие довербата на делегатите на СДСМ за претседател на партијата, па после да бара дуел со мене, порача синоќа од лидерот на ДУИ, Христиијан Мицкоски од митингот во Струмица.

„Јас немам проблем од дуели и дебати, но за да Стево ја добие таа чест да имаме дуел и дебата, најпрвин треба откако ќе ги изгуби изборите на 8 мај, да ја добие довербата на делегатите од СДСМ и да стане претседател на СДСМ, а СДСМ најголема опозициска партија, што се сомневам дека ќе биде после овие избори на 8 мај и тука повторно да излаже, затоа што нели рече еднаш дека ако не е претседател, тогаш и тој ќе се исели од Македонија“ рече Мицкоски и додаде дека и на Зечевиќ Миле и на Маричиќ Бојан, и на Јово Деспотовски да бараат дуел откако пред неколку дена неславно за Ковачевски помина ТВ дуелот.

Сега и тоа ќе го излаже, ама добро еве ќе му простиме бидејќи е претседател во најава во СДСМ и тој тогаш може да седнеме и да дебатира со идниот премиер на Македонија и да зборува каква е состојбата во Македонија“, потенцираше Мицкоски.

Тој додаде декаПендаровски треба да и се извини и на кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска Давкова за навредите што ги упати кон неа, но и да престане да биде измеќар на Али Ахмети и Артан Груби.