Ако се суди само според резултатите од вчерашното гласање на болните и изнемоштените опозицијата ќе победи во првиот круг или ќе влезе во вториот круг од изборите за градоначалници и локалните совети.
Иако овие резултати се добиени од нерепрезентативен примерок на граѓани ако се суди според соодносот на гласови што ги добиле двете најголеми македонски партии владеачката партија ќе доживее пораз.
Според неофицијалните резултати од партиски извори во двете најголеми партии од околу 5000 луѓе кои што гласале во домашни услови односно се болни или изнемоштени една партија добила околу 1500 гласа а друга нешто помалку од 1000 гласа.
Се разбира овие резултати не можат да се третираат како релевантни затоа што околу 5000 илјади луѓе што имале право на глас вчера не го одразуваат соодветно етничкиот и верскиот, руралниот и градскиот, половиот ниту образовниот и социјалниот состав на населението.