Претседателскиот кандидат Доналд Трамп му понудил на Илон Маск да раководи со владината комисија за ефикасност, објави Би-Би-Си

Неколку недели Трамп со своите соработници разговараше за идејата за создавање комисија за ефикасност доколку победи на изборите, изјавија извори за агенцијата.

Но, за време на настап во еден економски клуб во Њујорк, Трамп самиот ја објави својата идеја.

Тој потврди дека Маск е подготвен да застане на чело на ова тело.

Целта на комисијата, според Трамп, ќе биде да спроведе целосна финансиска ревизија и да ја разгледа ефективноста на федералната влада, како и да спроведе радикални реформи.