Серхио Агуеро доживеал тешка сообраќајна несреќа во Холандија по што со скршени ребра и со внатрешно крварење е задржан во болница. Тој бил патник во такси возило со кое се враќал од концерт и кое удрило во столб покрај патот. Напаѓачот на Манчестер Сити според првите проценки не е во животна опасност, но сигурно не ќе може да игра фудбал до крајот на оваа година.

„Возачот не ја забележа на време кривината, па наеднаш сврте и возилото почна да лизна по патеката. Не можеше да направи ништо повеќе, и така удривме во столбот. Имам скршеница на ребрата, па препорачано ми е да одморам од секакви активности. Нормално дека ме боли, но набрзо ќе излезам од болница“, изјави 30 годишниот Аргентинец.