Агент на Македонија пред судот во Стразбур, поранешен адвокат на најголемата македонска партија и партиски функционер одговорен за новите спортски сали прават обид да ја реформираат ВМРО – ДПМНЕ, пишува Макфакс.мк.
Петар Богојевски, Костадин Богданов и Александар Михајловски се тројцата членови на ВМРО – ДПМНЕ кои денеска на прес-конференција објавија дека почнуваат активности за демократизација и модернизација на партијата. Сите тројца се членови на партијата се повеќе од две децении и долги години на различни позиции во партијата и извршната власт.
„Сакаме да означиме почеток на една внатрепартиска иницијатива во ВМРО-ДПМНЕ која има за цел да ја разбуди свеста кај нашите сопартијци за итната потреба од суштински статутарни реформи во нашата партија и ќе ја демократизираат и ќе ја вратат назад на нејзините членови. Нашата иницијатива произлезе од желбата на илјадници членови на партијата кои во изминатиот период ги носеа победите на ВМРО-ДПМНЕ а немаа можност да учествуваат во одлучувањето на партијата“, изјави денеска Александар Михајловски, долгогодишен член на ВМРО-ДПМНЕ.
На прес конференцијата присуствуваа и други екс и сегашни владини функционери.
Според Михајловски иницијативата не е обид за разнебитување на партијата туку ќе се обиде да работи на недостатокот од демократски капацитет во неа.
„Прва цел е измена на статутот со што ќе се внесе демократски дух во партијата. Ние како долгогодишни членови на партијата веруваме дека демократизацијата на партијата е единствениот пат за стабилизирање и враќање на нејзината сила и моќ“, порача фронтменот на групата која што бара темелни промени во ВМРО – ДПМНЕ.
Во реакцијата од партијата се вели дека барањето за наводна реформа во партијата го покренуваат луѓе со лукративни цели кои не и мислат добро на ВМРО – ДПМНЕ