Австрија, Бугарија, Грција, Луксембург не го „слушаат“ Лондон

По најавите на повеќе ЕУ-членки и други европски земји, портпаролот на австриската влада, Питер Лаунски-Тифентал, изјави дека Виена „нема да преземе какви било мерки на национално ниво, нема да протераме дипломати“.

Грчкиот премиер Алексис Ципрас деновиве ја истакна потребата од истрага за случајот Скрипал, пред да преземе мерки: „Мораме да искажеме солидарност со Велика Британија, со британскиот народ, но во исто време треба да истражиме“, рече Ципрас.

Премиерот на Луксембург, Ксавиер Бетел, поранешен адвокат-кривичар, изјави дека сака да слушне што има да каже британската премиерка Тереза Меј, пред да донесе одлука.

„Бугарија не донесе одлука да протера руски дипломати од земјата“, изјавија за БГНЕС од бугарското Министерството за надворешни работи.