Владата на Австралија планира да го забрани патувањето на лица осудени за педофилија надвор од земјата, и за таа цел, веднаш по пресудата, патните исправи ќе им бидат поништувани. Сето ова со цел да не се дозволат нови случаи и пред се, да се заштитат децата од Југоисточна Азија која најчесто беше место на кое патувале педофилите.

Истражувањата направени на петтиот континент покажаа дека најголем дел од казнениците за ова и сличните дела, претходно често патувале во земјите како Филипини, Малезија, Тајланд, Индонезија.

Министерката за надворешни работи на Австралија Џули Бишоп вели дека, во случај на договор во владата, во скоро време, може да бидат одземени 20 илјади пасоши на државјани на оваа земја.