Можат ли Пендаровски и Рамадани да завршат в затвор за ширење страв?

Националниот координатор за НАТО Стево Пендаровски и претседателот на Евроатланскиот совет на Македонија теоретски се соочуваат со долгогодишни казни затвор за ширење чувство на несигурност, страв и паника кај населението, тврди македонски експерт по кривично право кој инсистира на анонимност.

Како основа за истрага во овој правец која по допрен глас може да ја потегне и Јавното Обвинителсто, тој ги наведува изјавите на Пендаровски и Рамадани во кои тие навестуваат меѓуетнички и регионален конфликт во Македонија ако не помине референдумот и не се влезе во НАТО.

Соработник на Заев со закана: Не гарантира коректност на Албанците ако пропадне референдумот (ВИДЕО)

Пендаровски: Ако се подели Косово, прва колатерална штета ќе биде Македонија!

Најмалку два членови во Кривичниот законик на РМ 313 и 386 можат ги санкционираат елементите ваквите противправни поведенија кои не застаруваат меѓу 6 и 20 години.

За Пендаровски и Рамадани во евентуален процес отежнителен момент би било тоа што имаат пристап до доверливи безбедносни информации како високи владини функционери.

Според членот 313 сега се гонат оперскиот ас Дурловски, актерот Владо Јовановски, режисерот Дамовски, архитектот Богдан Илиевски и други

Членовите 313 и 386 од Кривичниот закон


Терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста
Член 313
Тој што со намера да го загрози уставниот поредок или безбедноста
на Република Македонија ќе предизвика или сериозно ќе се закани со
предизвикување експлозија, пожар, поплава или друго општоопасно
дејствие или акт на насилство, создавајќи чувство на несигурност или страв
кај граѓаните, ќе се казни со затвор најмалку десет години.

Насилство
Член З86
(1) Тој што друг малтретира, грубо навредува, ја загрозува неговата
сигурност или врз него врши грубо насилсгво и со тоа во јавноста
предизвикува чувство на несигурност, загрозување или страв, ќе се казни со
затвор од три месеци до три години.
(2) Ако делото е извршено во група од две или повеќе лица или
насилството е извршено над повеќе граѓани или сторителот телесно
повредил друг, ќе се казни со затвор од шест месеци до пет години.