Бугарската потпретседателка дели бугарски книги во Албанија

„Отсега па натаму националното малцинство ќе има можност за изучување на мајчиниот бугарски јазик во средното училиште, ќе има право на емитување на бугарски програми во медиумите, на радио и на електронските сајтови.

Со господинот Еди Рама сме согласни дека е крајно време да се направат културни центри во Тирана и соодветно во Софија “, изјави Илијана Јотова, потпретседател на Бугарија која претстојуваше во дводневна посета на Корча, Голо Брдо и Гора во Албанија.

Таа се сретнала со претставници на бугарските друштва, пренесува софијски „Труд“ во репортажата од посетата на Јотова.

Се разбира, „Труд“ се спомнува ни „М“ од можноста во Албанија да има и македпонско малцинство официјално признато од албанските власти многу порано за разлика од „бугарското“ признато на 12 октомври годинава. Софија се закани дека ќе ја блокира Албанија на патот за ЕУ ако не признае и „бугарско“ малцинство.

„Труд“ пишува дека Фисник Хоџа, претседател на друштвото „Наша Гора“, коментирајќи го усвојувањето на законот со кој и бугарите се признати како малцинство во Албанија истакнал дека тоа било „историски успех не само за Бугарите кои живеат во Албанија, но и за бугарските малцинства расфрлени во други земји…Она што најмногу ни треба се бугарски наставници.

Во домовите во Гора се зборува бугарски дијалект, па затоа е потребно училиште во кое ќе може да се учи бугарски јазик и литература”, побарал претседателот на „Наша Гора“.

На вториот ден од посетата Јотова посетила села во кои „исклучиво живее бугарско население“ пишува Труд и додава дека во селото Оргост на локалниот градоначалник му била подарена плакета со кирилична азбука и книга со поезија од Христо Ботев, а во Шиштавец потпретседателката подарила зборник со бугарски народни песни.

Јотова била пречекана од група млади девојки кои изведоа бугарска народна песна и една локална свадбена песна – пишува „Труд“ – која ја научиле од своите мајки и баби во селото Орџи со население од околу 1500 жители, сместено на самата граница со Косово…