Амбасадорот на САД во Македонија, Џес Бејли, денеска изјави дека слушнал гласини оти членовите на Државната изборна комисија (ДИК) си изгласале дополнителна плати.
„Слушнав дека членови на ДИК си изгласале дополнителна плата за четири дополнителни месеци за нивната работа на октомвриските избори кои штотуку завршија. Тие претходно дополнително добиле плата и за пет месеци по изборите од 2016 година. Гласањето во Комисијата било едногласно, сите партии, сите етникуми, а персоналот во Комисијата добил помали бонуси“ изјавил американскиот амбасадор во Македонија пренесува НоваТВ.
Бејли одржа предавање посветено на борбата против корупцијата на Факултетот за безбедност – Скопје.