Претседателот Доналд Трамп изјави вчера дека САД ќе стават крај на военото присуство во Сирија „многу брзо“.
Трамп се пофали дека САД ја добиле битката со терористичката група „Исламска држава“ и вети дека штом битката заврши, американските војници ќе ја напуштат Сирија.
„Наскоро излегуваме од Сирија. Нека другите се погрижат за тоа сега “, рече Трамп за време на говорот во Ричфилд, Охајо.
Сириската граѓанска војна на 15 март влезе во својата осма година.
Започна во 2011 година како бунт против режимот на претседателот Башар ел Асад на крилата на така наречената „Арапска пролет“ во која претходно беа урнати претседателите на Тунис и Египет, а подоцна и Моамер Гадафи во Либија.
Во борбите на „опозицијата“ поддржана „од надвор“ и која инсистираше дека мир во Сирија е можен само со заминување на Башар ел Асад, беа убиени повеќе од 465.000 Сиријци, повеќе од еден ранети, а над 12 милиони – половина од населението во земјата – беа раселени од своите домови.
Масовниот егзодус од Сирија беше и една од причините за бегалскиот бран кон Европа.
На маргините на конфликтот во Сирија се појави терористичката ИСИС на калифот Абу Бакр Ал Багдади кој на 8 април 2013 година ја прогласи Исламската држава на Ирак и левант која воспостави власт над огромна територија во Сирија и Ирак.
Пентагон призна присуство на 2.000 војници во Сирија, од кои многу специјални сили работат во тесна соработка со Курдите и со арапските милиции против „Исламска држава“, која во последната година загуби речиси целата територија, која беше зазеде во земјата.
„Ја испративме Исламска држава во пеколот. Сирија ќе ја напуштиме многу брзо“, рече Трамп на еден настан во Охајо во четвртокот.
Најавата на Доналд Трамп е спротивна на говорот за Сирија на државниот секретар Рекс Тилерсон, кој беше сменет, како и на постојаните коментари на министерот за одбрана Џејмс Матис.
Двајцата се на мислење дека САД треба да останат во Сирија не само за да го спречат враќањето на„исламска држава”, туку и како дел од една поголема борба за влијание помеѓу многу земји, вклучувајќи ја и Русија и Иран, кои го поддржуваат режимот на Башар Асад.